Зидан: Не можам да го замислам Реал Мадрид без Роналдо - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Зидан: Не можам да го замислам Реал Мадрид без Роналдо

Зидан: Не можам да го замислам Реал Мадрид без Роналдо

Реал Мадрид не планира да ја продава својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, иако медиумите секогаш бараат можна сензација и најавуваат негово враќање во Манчестер јунајтед или преселба во Пари Сен Жермен. Тренерот Зинедин Зидан истакна дека не може да го замисли „кралскиот клуб“ без Португалецот.

„Роналдо? Не можам да го замислам Реал Мадрид без Кристијано. Не можам да замислам ниту да игра за друг тим. Тоа се само приказни од медиумите“, изјави Зинедин Зидан во пресрет на дуелот со Селта.

Кормиларот на „кралевите“ демантираше и дека Кепа Аризабалага ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во наредните денови.

„Ако мене ме прашувате како тренер, не ни е потребен нов голман оваа зима. Можеби на лето, тогаш ќе размислуваме многу потемелно за ангажирање на нови засилувања“, потенцираше Зизу.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.