Жарко Пешевски во идеалниот тим на СЕХА за декември - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Жарко Пешевски во идеалниот тим на СЕХА за декември

Жарко Пешевски во идеалниот тим на СЕХА за декември

Македонскиот репрезентативец во дресот на Металург, Жарко Пешевски е дел од идеалниот тим во реагионалната СЕХА лига за месец декември.

Младиот џин од Скопје расте се подобро и подобро од сезона во сезона. Тој е еден од најважните играчи во тимот оваа сезона. Добар стрелец кој ја покажа својата вредност со седум гола против Целје, пет против Вардар и четири со Нексе“ , стои во описот на Пешевски на официјалниот сајт на СЕХА лигата.

Покрај пикерот на Металург, избраните седум место има и десниот бек на Вардар, Хорхе Македа.

Тим на месецот во СЕХА лигата:

Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)

Лево крило: Јакуб Хрстка (Татран Прешов)

Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)

Среден бек: Јака Малуш (Целје)

Десен бек: Хорхе Македа (Вардар)

Десно крило: Павле Бандука (Динамо Панчево)

Пикер: Жарко Пешевски (Металург)

Тренер: Бранко Тамше (Целје)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.