ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД: Гостивар подобар од Тетекс во полошкото дерби! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар подобар од Тетекс во полошкото дерби!

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар подобар од Тетекс во полошкото дерби!

Гостивар го презеде врвот во Втората лига Запад, барем до утрешниот дуел на Велазерими, откако со 0-1 славеше на гостувањето против Тетекс во полошкото дерби.

Стрелец на единствениот гол вреден три бода за Гостивар беше Илирид Адеми во 55. минута од средбата.

Новаци имаше предност од 0-1 на полувремето на гостувањето против фаворитот Струга Трим Лум со голот на Антонио Стојковски во 29. минута. Но, во вториот дел целосен пресврт. Најпрво израмни Благојче Главевски во 53. минута. Во 72. минута истиот играч донесе предност од 2-1, за да конечните 3-1 ги постави Зија Мерџани во 83. минута.

Македонија ЃП дојде до убедлив триумф против Еуромилк ГЛ од 3-0, благодарение на головите на Иван Настевски во 33. минута, и на Филип Колеќевски во 37. минута и во 76. минута од пенал.

РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО

Зајази – Локомотива 2-0

Македонија ЃП – Еуромилк ГЛ 3-0

Струга Трим Лум – Новаци 3-1

Тетекс – Гостивар 0-1

УТРЕ (13 ч.)

Велазерими – Лабуништа

ТАБЕЛА: Гостивар 25 бода, Велазерими(-1) 23, Струга 23, Македонија ЃП 20, Еуромилк ГЛ 19, Локомотива 17. Лабуништа(-1) 15, Тетекс 13, Зајази 12, Новаци 8 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.