Вардар замина на подготовки во Словенија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар замина на подготовки во Словенија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар три дена откако ги започна подготовките за новата сезона отпатува за Словенија, каде ќе ја реализира првата фаза. „Црвено-црните“ ќе бидат сместени во комплексот Терме Зрече каде ќе имаат одлични услови за работа и за подготовки. Тренерот Сергеј Андреев ги поведе сите фудбалери кои се под договор, вклучувајќи ги и новите засилувања предводени од капитенот на македонската фудбалска репрезентација Бобан Грнчаров. Со екипата е и Андреј Ацевски, кој се уште се опоравува од скршеницата на скочниот зглоб, а во прв момент ќе работи според индивидуална програма.

Дополнително ќе се приклучи Благоја Љамчевски, кој имаше репрезентативни обврски со селекцијата на Македонија која беше на мини – турнеја во Кина. Вардар досега ангажираше шест засилувања, но се очекува во наредниот период да бидат доведени најмалку уште тројца или четворица квалитетни фудбалери од странство, кои ќе ја засилат конкуренцијата на сите линии во тимот. Според информациите на ЕКИПА, во тимот треба да пристигнат црногорски, ерменски и бразилски засилувања.

На подготовките во Словенија, вардарци треба да одиграат четири пријателски натпревари, против словенечките тимови Кршко и Триглав, босанскиот тим Сараево и украинскиот тим Зорја. Втората фаза од летните подготовки потоа ќе ја реализираат во Австрија.

vardar podgotovki 2

vardar podgotovki 3

vardar podgotovki 4

Фото: www.fkvardar.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.