Тричковски со АПОЕЛ ќе игра во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тричковски со АПОЕЛ ќе игра во ЛШ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски со
својот АПОЕЛ успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. АПОЕЛ
во дуелот со полскиот претставник Висла Краков славеше со вкупен резултат 3-2.
По првиот меч Висла имаше предност од 1-0, а кипарскиот тим во драматична
завршница во реваншот успеа да слави во вториот меч со 3-1.

 

Тричковски учествуваше во акциите за постигнување на два
погодоци, а ги одигра сите 90 минути за АПОЕЛ. Херој на кипарскиот тим беше
Аилтон кој постигна два гола, а првиот погодок за АПОЕЛ всушност беше автогол
на гостинскиот фудбалер Пареико. Стрелец на единствениот гол за Висла беше
Вилк.

 

Оваа сезона Македонија ќе има двајца фудбалери во Лигата на
шампионите, со оглед дека и Горан Пандев со Интер ќе учествува во елитното
фудбалско клупско натпреварување на Стариот континент.           

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.