Симе Симевски: Кога има мотив и добри подготовки, има и резултат! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Симе Симевски: Кога има мотив и добри подготовки, има и резултат!

Симе Симевски: Кога има мотив и добри подготовки, има и резултат!

Со две победи во првите два натпревари на квалификацискиот турнир во Скопје, македонската младинска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство во Шпанија за ракометарки до 19 години. Ова е голем успех за оваа генерација млади ракометарки која успеа за прв пат да фати континуитет на две големи натпреварувања по ред, по ланскиот настап на СП на кое бевме домаќини.

“Направивме голем успех во овие квалификации, ја победивме Холандија која е шестопласирана репрезентација од последното Eвропско првенство во оваа категорија. Девојките одработеа се што се договоривме. За Исланд немавме многу информации, но играта на Холандија и на Црна Гора добро ја простудиравме во подготовките за овој квалификациски турнир. И, се исплати сиот труд што го вложивме во работата со оваа генерација сиве овие години и посебно во последниве два месеци. Пласманот на ЕП 2015 во Шпанција е голем успех за нас. Практично, ова е прва македонска младинска репрезентација во женска конкуренција што обезбедила пласман на едно големо натпреварување низ квалификации, досега тоа беа директни пласмани на првенства на кои бевме домаќини”-истакнува в.д.селекторот, Симе Симевски.

По ланскиот настап на СП, беше критикуван и оспоруван квалитетот, сепак на овие квалификации се покажа дека оваа генерација има голем потенцијал. Но, за да дојде до полн израз тој потенцијал и за да донесе резултат, треба добра и планска работа со овие млади ракометарки кои носат зрак надеж за иднината на македонскиот женски ракомет.

„Пет-шест години работиме со оваа генерација во неколку клубови, претежно во Вардар и во Металург, се инвестира во нив и тоа дава резултат. Репрезентативките ни се тука во Скопје, ја следиме нивната работа. Во изминатиов период имаа и неколку клупски меѓународни натпревари што е позитивно искуство за овие млади ракометарки. Покажаа дека може да играат и на меѓународно ниво. Кога има добар мотив и добри подготовки, има и резултати. Тоа се покажа во овие квалификации за ЕП. Добро се екипиравме и  во стручниот штаб. Александар Царчев работи со голманите, а од голема помош ни е и Марија Папуџиева која подготвува видео анализи што ни е особено важно во подготовките пред секој натпревар„ – вели Симевски.

Во последниот натпревар на квалификацискиот турнир во СРЦ Кале, денеска (18.30 ч.), македонските ракометарки ќе играат против првиот фаворит во групата, селекцијата на Црна Гора. И двете репрезентации имаат по две победи против Исланд и против Холандија и ова ќе биде директен дуел за првото место во групата. Независно од исходот на овој меч, Македонија и Црна Гора се двете најуспешни селекции во оваа квалификациска група и обезбедуваат настап на ЕП 2015 во Шпанија.

„Репрезентацијата на Црна Гора беше четврта на последното ЕП, и е во улога на прв фаворит во групата. Тие се квалитетна репрезентација, играат добро, но ние не се предаваме. Ќе се обидеме да им контрираме со наша игра и да не им дозволиме да наметнат свое темпо“ – истакнува првиот човек на клупата на македонската репрезентација.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.