Седлоски на 11 октомври со признание од УЕФА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Седлоски на 11 октомври со признание од УЕФА

Гоце Седлоски во вторник, на последниот натпревар на нашата репрезентација во квалификациите за ЕП 2012 против Словачка, ќе го добие признанието од УЕФА за своите 100 одиграни натпревари во националниот дрес.

 

Поранешниот македонски капитен ќе добие признание и посебна награда потпишана од претседателот на УЕФА, Мишел Платини со кои ќе бидат одбележани неговите 100 репрезентативни натпревари, на кои запиша и осум погодоци.

 

Со одлука на Извршниот одбор на УЕФА ќе им бидат доделени признанија на сите фудбалери кои имаат најмалку по 100 натпревари за селекциите од своите земји. Гоце Седлоски е еден од 109 фудбалери од 36 земји кои ќе добијат признание. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.