Самарџиски во Топ 5 скокачи, Вашингтон прв поентер во турското првенство - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Самарџиски во Топ 5 скокачи, Вашингтон прв поентер во турското првенство

Предраг Самарџиски, кој сезонава го носеше дресот на турски Мерсин, со кој испадна од најквалитетната турска лига се најде на високото петто место на листата во конкуренција на скокачите. Интересно е што на првото место на листата на стрелци во турскиот шампионат се наоѓа уште еден кошаркар со македонски пасош, бекот Дариус Вашингтон.

Самарџиски, кој во престојните квалификации за пласман на ЕП, треба да претставува главен адут под кошевите по најавеното повлекување на Тодор Гечевски и Перо Антиќ, сезонава за жал со својот клуб не избори опстанок во првата лига, но сепак одигра квалитетна сезона. Тој неколкупати оствари и дабл-дабл ефект, а без конкуренција беше најдобар скокач во својата екипа. Македонскиот интернационалец иако одигра најмалку натпревари помеѓу првите десетмина од оваа листа, само 27, се најде на високото петто место, со остварени 208 скока, или 7,7 по натпревар.

Интересно, првото место по бројот на постигнати поени, го држи натурализираниот македонски кошаркар, но не Лестер Бо Мекејлеб, туку Дариус Вашингтон. Играчот на Олин, тим што за малку се спаси од испаѓање, со 681 постигнат поен на 29 натпревари, или во просек 23,5 по натпревар се наоѓа убедливо на првото место во оваа конкуренција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.