Распад-систем во Крим пред мечот со ЖРК Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Распад-систем во Крим пред мечот со ЖРК Вардар

Распад-систем во Крим пред мечот со ЖРК Вардар

Словенечкиот првак Крим сосема неочекувано продолжува со прекинот на соработката со дел од своите најдобри ракометарки, и тоа додека се уште настапува во Лигата на шампионите. Само неколку дена откако го раскина договорот со Алисон Пино, раководството на Крим денеска го стори истото и со втората француска ракометарка, Амели Гуджо.

На последниот состанок и двете страни увидоа дека продолжување на соработката не е во интерес ниту на клубот ниту на самата ракометарка. Затоа, решивме дури и предвреме да го раскинеме договорот, па таа од денеска повеќе не е член на Крим“ – се вели во клупското соопштение на словенечкиот тим.

Ваквиот развој на настаните целосно им оди во прилог на ракометарките на ЖРК Вардар, кои утре во Словенија ќе се сретнат токму со Крим, во обид да ја забележат првата победа на гостински терен во ЛШ по пауза од неколку месеци.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.