Пораз од Португалија на младинците за крај на ЕП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пораз од Португалија на младинците за крај на ЕП

Пораз од Португалија на младинците за крај на ЕП

Младинската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во низа на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Грција. По убедливите порази од Црна Гора и од Грузија, македонските кошаркари попладнево загубија и во пресметката со Португалија (54-63), па настапот на овој европски шампионат го завршија како четвртопласирани во групата, оставајќи го зад себе само аутсајдерот Ерменија.

Слично како и на претходните натпревари, Македонија слабо влезе во натпреварот, па противникот ја доби последната четвртина со 7-16. Избраниците на Малинков собраа сили и во следните две четвртини успеаја и посериозно да се приближат, за во последните десет минути да се влезе во неизвесна завршница. На пет минути до крајот резултатот гласеше 50-53, но Португалците ја превзедоа контролата во самата завршница, успеаја да се „одлепат“ и да стигнат до триумф.

Милков и Бакоч со по десет поени беа најефикасни во редовите на „црвено-жолтите“, пред Србиновски со девет и Ефремовски со осум поени, додека Магдевски имаше очаен натпревар со два поени и ниту еден погоден шут од поле (0/5 за два, 0/3 за тројка).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.