Подароци за кошаркарите пред Евробаскет 2011 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Подароци за кошаркарите пред Евробаскет 2011

Спонзорите на Македонската Кошаркарска Федерација го
искористија денешниот ден за да им дадат пригодни подароци и да им посакаат
многу среќа на македонските кошаркари на настапите на Европското Првенство во Литванија.

Најпрвин компанијата „One“ им подари на секој од
кошаркарите по еден мобилен телефон, за по дружењето со фановите националниот
тим да се упати кон Макаутостар, каде што беше организирана уште една пригодна
манифестација во чест на нашите кошаркари.

Перо Антиќ, кој доби подарок амајлија со логото на
Митсубиши, во името на сите кошаркари вети дека македонскиот национален тим со
максимално ангажирана игра ќе се обиде да ги исполни големите очекувања на
нашата спортска јавност.

– Нема потреба од премногу зборување, она што го имаме,
ние ќе го кажеме на теренот. Во мое име и во име на соиграчите ветувам дека со
гордост ќе го носиме црвено-жолтиот дрес, ќе се бориме до последниот атом на
силата и нема да разочараме на големиот спортски настан – изјави капитенот на
македонската репрезентација, Перо Антиќ.

Денеска македонскиот селектор Марин Докузовски го
официјализираше и списокот од 12 кошаркари на чии услуги ќе смета на Евробаскет
2011. Без никакви изненадувања, Докузовски за овој шампионат на својот список
ги вклучи: Перо Антиќ, Горѓи Чековски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Владо
Илиевски, Димитар Мираковски, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Кирил
Николовски, Дарко Соколов, Предраг Самарџиски и Лестер Бо Мекејлеб.

– Правилата се јасни, во Литванија можат да патуваат само
12 кошаркари. Затоа и моравме да го скратиме списокот, од кој што отпаднаа
Костовски и Дамчевски – прокоментира Докузовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.