Нов поредок во светскиот тенис: Во Топ 5 ги нема Федерер и Надал - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нов поредок во светскиот тенис: Во Топ 5 ги нема Федерер и Надал

Нов поредок во светскиот тенис: Во Топ 5 ги нема Федерер и Надал

Минато време се деновите кога Рафаел Надал и Роџер Федерер доминираа на тениските терени, но сепак изненадувачки делува најновиот развој на настаните според кој ниту шпанскиот ниту швајцарскиот ас нема да се најдат меѓу петте најдобро рангирани светски тенисери на најновата листа што ќе биде објавена утре. И претходно се случувало Надал или Федерер да не бидат меѓу Топ 5 во периодите кога беа подолго време повредени, но ова е првпат тие во исто време да не бидат дел од самиот врв на АТП листата.

Новак Ѓоковиќ ќе остане на првото место на АТП листата и покрај неиграњето во Пекинг, но неговата предност во однос на Мареј ќе се намали со оглед на фактот дека Британецот ќе игра во финалето од овој турнир. Вавринка е треторангиран со повеќе од 7.000 бода заостанување зад Ѓоковиќ, на четвртото место е Нишикори, а петти на најновата АТП листа ќе биде Милош Раониќ, кој со пласманот во полуфиналето во Пекинг го мина Надал.

Ѓоковиќ веќе извесно време е „недопирлив“ и за Федерер и за Надал, но кога пред нив излегуваат и бројни помлади тенисери, тоа е јасен знак дека се ближи времето да се каже збогум.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.