МИЗЕРИЈА: Знаменосецот Дамјановски на Фејсбук го продава телефонот - подарок од ЗОИ во Сочи?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МИЗЕРИЈА: Знаменосецот Дамјановски на Фејсбук го продава телефонот – подарок од ЗОИ во Сочи?!

Македонија и се е можно! Дури и кога се работи за Зимски Олимписки Игри! Нашиот знаменосец на актуелните ЗОИ во Сочи, Дарко Дамјановски, преку својот профил на Фејсбук, директно од Русија, го продава телефонот „Samsung Note 3“, добиен на подарок како учесник на најголемата зимска спортска манифестација во светот. Тој настапи во спринт, а допрва го очекуваат уште два настапи на Зимските Олимписки Игри. Но, во меѓувреме, има друга мака со која е преокупиран, сака да го продаде телефонот, и тоа за цена од 450 евра. Учтиво ги замоли сите „знајни и незнајни“ за повеќе информации да го контактираат во „инбокс“. Најверојатно испораката ќе следи откако ќе се врати од Зимските Олимписки Игри во Сочи!

damjanovski telefon 1

Телефонот, секако, е лична сопственост на Дарко Дамјановски, откако го добил како учесник на ЗОИ во Сочи. Меѓутоа, каква ли доблест има овој македонски спортист, на кого му е укажана чест и доверба од МОК да биде знаменосец на нашата скромна спортска делегација на актуелните Зимски Олимписки Игри, додека се уште е дел од Игрите, да го продава телефонот, каде го има и македонското знаме, и тоа преку Фејсбук?!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.