Лацио доаѓа во Скопје без Клосе и Сисе - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лацио доаѓа во Скопје без Клосе и Сисе

Италијанскиот калчолигаш Лацио ќе допатува во Скопје без
двете свои најголеми ѕвезди од нападот, Џибрил Сисе и Мирослав Клосе. По
убедливиот триумф на првиот натпревар на „Олимпико“, тренерот Еди Реха одлучи
да ги одмори своите најдобри напаѓачи и нови аквизиции во тимот, францускиот
интернационалец Џибрил Сисе и германскиот репрезентативец Мирослав Клосе. Во
нашиот главен град нема да допатува ниту Мауро Зарате, кој не играше ниту на
првиот меч, ниту пак Флокари, а адути на Реха во нападот за реваншот в четврток
ќе бидат ветеранот Роки и младиот Козак.

 

За разлика од „десеткуваниот“ напад, Лацио не сака ништо да
препушти на случајноста, па поголемиот дел од стандардните фудбалери од
одбраната и од средниот ред ќе настапат на националната арена „Филип Втори“. Предводник
на „лацијалите“ сигурно ќе биде извонредниот плејмејкер Хернанес, кој го отвори
резултатот на првиот меч, а тука се и Ледесма, Цана, Маури…На голоттреба да
биде Маркети, а во одбраната Еди Реха смета и на Биава, Диаките, Диас, Скалони,
Заури…

Сепак, љубителите на фудбалот ќе останат скусени од можноста
да ги видат најатрактивните напаѓачи, Џибрил Сисе и Мирослав Клосе. Тие беа
можеби и најзаслужни за убедливиот триумф на Лацио на првата средба во Рим.
Сисе беше стрелец на два гола, а Клосе имаше две асистенции и постигна еден
погодок.

 

Експедицијата на Лацио во текот на денешното претпладне ќе
допатува во Скопје, а вечерва ќе одржи и тренинг на нашиот најголем стадион.

 

Тренерот на Лацио, Еди Реха, на пат ќе ги поведе следните
играчи: голмани – Берарди, Биѕари, Маркети – одбрана: Биава, Диаките, Диас,
Лулиќ, Крешчензи, Раду, Скалони, Заури – среден ред: Зампа, Цана, Хернанес,
Ледесма, Матузалем, Маури, Чечарели – напад: Козак, Роки.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.