Јувентус го сака и Озил бесплатно од јуни - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Јувентус го сака и Озил бесплатно од јуни

Јувентус го сака и Озил бесплатно од јуни

Италијанскиот првак Јувентус ја договори идната соработка со германскиот интернационалец Емре Џан, кој на лето ќе потпише договор како слободен агент, со оглед дека му истекува ангажманот во Ливерпул. Но, раководството на „старата дама“ ќе се обиде да направи уште поголем трансфер, носејќи го Месут Озил во Торино. И нему му истекува во јуни договорот со Арсенал, а Јуве е мајстор за ангажман на фудбалери кои доаѓаат во клубот како слободни агенти.

Првичните контакти со Месут Озил се веќе остварени, но Јувентус има жестока конкуренција во Манчестер јунајтед, кој исто така го посакува Германецот во своите редови. Арсенал му понуди на Озил да остане на „Емирати“, но засега нема договор меѓу двете страни, што најавува дека тој најверојатно ќе си побара нова фудбалска средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.