Измени во Евролигата: Еврокупот ќе биде „втора лига“, а клубовите со ограничен трошок - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Измени во Евролигата: Еврокупот ќе биде „втора лига“, а клубовите со ограничен трошок

Претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу откри дека ќе има промени во најсилното европско клупско натпреварување во следната сезона, со конечен исход и за испаѓање од Евролигата, односно влез во неа од Еврокупот.

Од следната сезона победникот во Еврокупот ќе има сигурен настап во Евролигата, што е чекор кон воспоставување пирамидална структура на натпреварување.

„Овие правила ќе бидат во функција од сезоната 2015/16, и тие ќе ја заменат постоечката Б лиценца, според која некои национални првенства имаат сигурни претставници“ – вели Бертомеу.

„Ќе воведеме систем на бодување, па учеството на успешните клубови нема да зависи од резултатите во некои други лиги, а следниот чекор веќе ќе биде пирамидалната структура на натпреварување, на начин да клубовите од домашните првенства ќе одат во Еврокупот, а од таму ќе одат во Евролигата“ – објаснува претседателот на Евролигата.

Ќе следат и промени во врска со финансискиот фер-плеј, кој ќе се применува од следната сезона.

„Моментално сме сведоци да многу клубови немаат рамнотежа меѓу заработката и трошоците, односно голем дел пополнуваат самите сопственици. Нашата намера е пресметката во иднина да зависи од заработката на билетите, ТВ правата и спонзорите, а не од богатите сопственици“ – вели Бертомеу.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.