Инцидентите на Попов: Шлаканица од Седло, ’исклучен’ од Јаневски, плукање во Англија... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Инцидентите на Попов: Шлаканица од Седло, ’исклучен’ од Јаневски, плукање во Англија…

Инцидентите на Попов: Шлаканица од Седло, ’исклучен’ од Јаневски, плукање во Англија…

Фудбалерот на македонскиот првак Вардар, Горан Попов, денеска заработи црвен картон на куп-натпреварот против Шкендија на Чаир, а потоа со топка го удри судијата Александар Ставрев. Овој скандалозен потег на левиот бек на најтрофејниот македонски клуб, е само продолжение на серијата инциденти што Горан Попов ги има направено во својата кариера.

февруари 2009 година – Попов уапсен како член на Херенвен бидејќи возел пијан

Горан Попов како член на холандскиот прволигаш Херенвен е уапсен од холандската полиција поради возење на автомобил во алкохолизирана состојба. Тој прославувал победа со дел од соиграчите, а при враќање кон дома бил сопрен од полицијата.

popov pijan herenven

август 2009 година – Шлаканица од Седлоски за Попов на тренинг на репрезентација

Сегашниот тренер на Вардар, а тогашен негов соиграч во македонската репрезентација, Гоце Седлоски, му удри шлаканица на Горан Попов на тренинг на националниот тим, откако се ’скараа’ играјќи сервис, а беа споменувани и облози во евра…

октомври 2012 година – Попов и Ристиќ ’исклучени’ од репрезентацијата

Тогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски, одлучи да ги ’исклучи’ од националниот тим Горан Попов и Стевица Ристиќ поради очигледно покажување на недисциплина. Пред мечот против Србија (1-0), Попов и Ристиќ добија информација дека треба да ја напуштат базата на репрезентацијата.

popov isklucen od reprezentacija

февруари 2013 година – Попов го плука Кајл Вокер во меч од Премиер – лигата

Горан Попов, како член на премиерлигашот Вест Вромвич Албион среде натпревар го плукна фудбалерот на Тотенхем, Кајл Вокер, и доби црвен картон и суспензија од ФА на Англија. Овој потег и од менаџерот на ВБА беше оценет како ’гнасен’, а потоа Попов мораше и јавно да се извини…

popov vba plukanje

ноември 2015 – Попов по црвен картон, со топка го удри судијата Ставрев

На денешниот куп – натпревар меѓу Шкендија и Вардар, Горан Попов доби црвен картон откако со лакот го удри Благоја Тодоровски, а потоа незадоволен од одлуката на судијата Александар Ставрев, го удри со топка од зад грб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.