Гориво има, ќе ’трча’ повеќе: Бобан Николов отвори бензиска пумпа во Штип (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Гориво има, ќе ’трча’ повеќе: Бобан Николов отвори бензиска пумпа во Штип (ФОТО)

Гориво има, ќе ’трча’ повеќе: Бобан Николов отвори бензиска пумпа во Штип (ФОТО)

Вардар е есенски шампион, а првиот дел од зимската пауза младинскиот репрезентативец Бобан Николов го искористи за да отвори бензиска пумпа. Ширејќи го семејниот бизнис, тој и неговото семејство од вчера се сопственици на бензиската пумпа „НБ Петрол“, која е изградена во општина Карбинци, кај Штип, на патот што ги поврзува Долни Балван и Таринци.

Бобан Николов ја пресече лентата и официјално ја отвори бензиската пумпа, а во неа речиси се е во знакот на фудбалот и на Вардар. На отворањето присуствуваа и бројни фудбалери, Влатко Грозданоски, Ацо Стојков, Дарко Глишиќ, Дејан Блажевски, Петар Петковски, Дамјан Шишковски…

nikolov benziska 2

nikolov benziska 3

nikolov benziska 4

Фото: www.vostip.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.