Футсал: Несреќен пораз од Украина - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Футсал: Несреќен пораз од Украина

Македонската футсал репрезентација несреќно загуби со 2-1 од големиот фаворит Украина на првиот натпревар од елитните квалификации за пласман на ЕП 2012 кои денеска започнаа во Баку, Азербејџан.

 

На натпревар на кој избраниците на Васко Скендеровски умешно се носеа со една од најдобрите европски футсал репрезентации во поголемиот дел од средбата, и покрај водството од 0-1 дозволивме Украинците со два гола во второто полувреме на пет минути до крајот да дојдат до победа.

 

Македонските фудбалери во салата „Идман Сарај“ во Баку први поведоа уште во 5. минута со голот на Адријан Мицевски, меѓутоа Украина со головите на Денис Овшаников во 27. минута и Роман Кордоба во 35. минута стигнаа до пресврт и триумф.

 

Нашата селекција на дуелот настапи во следниот состав: Тодоровски, Левески, Јовановски, Ранготов, Петровиќ, Пандилов, Агуши, Илиев, Мицевски, Насковски, Љубомир, Петровски.

 

Во вториот натпревар во нашата група играат домаќинот Азербејџан и Хрватска. Утре од 18 часот на турнирот играме со селекцијата на Азербејџан. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.