Елена Ѓорѓиевска со Будуќност шампион на Европа! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Елена Ѓорѓиевска со Будуќност шампион на Европа!

Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска со тимот на Будуќност славеше во финалето на Лигата на шампионите во ракомет против Ѓер. Беше многу драматично во салата „Морача“ во Подгорица, а Будуќност победи со 27-25 и го освои трофејот благодарение на поголемиот број погодоци постигнати на гости, кога во Унгарија на првиот меч загуби со 29-27.
 
 
Пред околу 5000 френетични фанови кои создадоа пеколна атмосфера, црногорскиот тим заслужено победи со 27-25. Уште од самиот старт, па се до крајот, Будуќност играше поорганизирано. На полувреме имаше позитива од еден погодок, 13-12. Највисоката предност ја достигна во 50. минута, ког водеше со 24-20, но Ѓер со Палингер и со Горбич најде начин да ја намали негативата и да го направи мечот неверојатно интересен. Кај Будуќност, расположена беше Булатовиќ која беше најефикасна со девет голови, а исто толку во редовите на Ѓер постигна и Горбич.
 
Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска се закити со златниот медал и стана втората ракометарка која тоа го сторила со клуб од странство, по Валентина Радуловиќ која славеше со Шлагелсе. Секако, и Кометал ЃП беше европски шампион во 2002 година.    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.