Бојан Маџовски две сезони во Пелистер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бојан Маџовски две сезони во Пелистер

Бојан Маџовски две сезони во Пелистер

Левото крило, Бојан Маџовски, во новата сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Маџовски во Пелистер доаѓа од Металург, како слободен играч и со битолскиот клуб потпиша договор на две сезони.

Со овој трансфер во Пелистер одново се комплетира братскиот тандем Маџовски, бидејќи од минатата сезона во битолскиот тим се пресели и Борјан Маџовски. Тој беше дел од триото (Борјан Маџовски, Никола Маркудов и Никола Даниловски) кое лани Металург го отстапи на Пелистер во замена за Филип Кузмановски.

Во овој преоден рок Бојан Маџовски е првиот ракометар што се сели од Автокоманда во Битола. Во спротивна насока, од Пелистер во Металург, најавено е дека треба да замине бекот Стефан Дрогришки. Но, реализацијата на овој трансфер закочи поради се уште актуелниот договор што го има Дрогришки со битолскиот клуб и случајот е на арбитража во РФМ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.