ЖРК Вардар ја прослави новата титула во „Автокоманда“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЖРК Вардар ја прослави новата титула во „Автокоманда“

ЖРК Вардар ја прослави новата титула во „Автокоманда“

ЖРК Вардар ја продолжи својата доминација во македонскиот женски ракомет откако „црвено-црните“ попладнево ја прославија и четвртата титула во низа, и тоа на гостувањето против Металург во салата „Автокоманда“, каде избраничките на Индира Кастратовиќ славеа со убедливи 24-45.

Само 20 минути беа доволни за „вардарки“ да поведат со двоцифрена разлика (6-16), по што нивната позитива до крајот се повеќе и повеќе растеше за на крајот да изнесува огромни 21 погодок разлика.

ЖРК Вардар теоретски ја загарантира титулата на едно коло до крајот на сезоната бидејќи има 21 бод, шест повеќе од Металург и девет од Вардар јуниор.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.