ЖРК Металург прв финалист во Купот на Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЖРК Металург прв финалист во Купот на Македонија

ЖРК Металург прв финалист во Купот на Македонија

 Ракометарките на ЖРК Металург се првите финалистки во Купот на Македонија. Во денешното прво полуфинале во „Автокоманда“,  ЖРК Металург го победи Вардар јуниор со 23-29 (13-7).

Младите вардарки беа рамноправен противник само во првата четвртина од натпреварот. Домаќините на завршницата од Купот на Македонија, направија серија од 3-0 и до крај ја задржаа доминацијата и резултатската предност што им донесе ново финале во Купот.

Најефикасни во составот на Металург беа Саздовска со седум и Стојановска со пет гола. Кај Вардар јуниор Нолевска беше стрелец на пет, а Стојановска и Трпковска постигнаа по четири гола.

ЖРК Металург има три титули во Купот на Македонија (2010, 2012, 2013). За четвртиот пехар тимот од Автокоманда ќе игра во финалето, в недела (17 ч.) со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу ЖРК Вардар и Куманово (16.15 ч.).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.