Жито Прилеп во литванска одисеја - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Жито Прилеп во литванска одисеја

Покрај
Металург, уште една македонска ракометна екипа денеска ќе се појави на
европската сцена, поточно во Купот на куп-победниците. Тоа е женскиот состав на Жито Прилеп, кој
му гостува на литванскиот претставник Гарлијава, за кој немаат никакви
информации, бидејќи овој клуб мината година не играше во европските купови.
Сепак, тренерот Ристо Магдинчев е оптимист и верува дека неговиот тим ќе успее
да ја помине оваа пречка, дотолку повеке што реваншот се игра во Прилеп за една
недела.

 

„Немаме некои посебни информации за Гарлијава, но ние треба да се фокусираме пред се на нашата игра. Од почетокот ќе ги испитаме силите на литванскиот тим, па потоа ќе се впуштиме во директна борба. Очекувам поволен резултат, а двомечот ќе се реши по седум дена во Прилеп“ – изјави Ристо Магдинчев.

 

Оптимизмот
на Магдинчев е поткрепен од фактот дека Жито Прилеп годинава ангажира неколку
квалитетни засилувања – поранешната романска репрезентативка, голманката
Јаломитеану, потоа Црногорките Павичевиќ, Матановиќ и Кликовац, како и Когој и
Мркиќ, кои во подготвителниот период покажаа дека прилепчанки добро ќе ја
претстават Македонија во Европа и во Регионалната лига, во која ќе играат
заедно со Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.