
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Железарец во одлучувачки меч со Ајндховен
- '
- Објавено: август 20, 2011 22:00
МКФ Железарец, македонскиот футсал шампион, вечерва (20.30
часот) во СРЦ Кале ќе го има решавачкиот двобој од групата на
претквалификацискиот турнир во ЛШ против холандскиот тим Ајндховен. Само
првопласираната екипа од групата ќе ги продолжи натпреварите на квалификациите
во Словенија, а на „железарците“ им одговара и реми на вечерашната средба за да
ја исполнат целта.
– Нема да калкулираме. Ќе играме на победа. Сакаме
со три победи да го завршиме овој претквалификациски турнир и да го продолжиме
патот во квалификациите за ЛШ. Но, нема да биде лесно, затоа што Ајндховен е
квалитетен состав. Сепак, ние веруваме во нашите квалитети и ќе атакуваме на
победа – вели Ферид Агуши, играчот на Железарец.
Во првите две кола и Железарец и Ајндховен остварија по две
победи, но македонскиот првак има подобра гол разлика, што му дава одредена
предност пред вечерашниот меѓусебен двобој. Железарец во првото коло го совлада
претставникот од Малта, Екцес Биднија со 9-1, а во вториот меч славеше со
убедливи 15-3 против Истанбул. Ајндховен со 7-3 го победи Истанбул, а оствари
триумф и над Екцес Биднија од 8-2.
Претходно, од 18 часот, за третото место во групата ќе
играат Екцес Биднија и Истанбул.