Железарец во финишот потклекна пред Спортинг на стартот од Главната рунда во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Железарец во финишот потклекна пред Спортинг на стартот од Главната рунда во ЛШ

Македонскиот футсал шампион, екипата на Железарец одигра квалитетен натпревар меѓутоа не успеа да ги избегне поразот од 3-6 (2-2) на дуелот со Спортинг Париз на стартот од натпреварите во Групат 1 од Главната рунда во Лигата на европските шампиони кои се играат во Хрудим, Чешка.

Железарец извонредно го отвори мечот со брзо водство од 2-0 по само седум минути игра, со погодоците на Тодоровски во 4. минута и Агуши во 7.минута. Одличниот почеток како да ги уплаши нашите фудбалери, па дозволија противникот брзо да се врати во игра. Спортинг веќе пред полувремето стигна до израмнување со головите на Хамду и Вита Нцака, а преку Кафе на стартот од вториот дел во 23.минута дојде и до предност од 3-2.

Но, во 31.минута со голот на Глигоров македонскиот шампион повторно дојде до израмнување. Сепак, толку беа силите па противниците во 32. минута преку Ронињо веднаш ја вратија предноста, а во самиот финиш со два гола во 39. и во 40. минута дојдоа до конечниот убедлив триумф.

Во Главната квалификациска рунда од ЛШ, екипата на Железарец утре од 20 часот ја очекува дуелот со домаќинот Хрудим, а на 3. октомври од 17:30 и последниот натпревар со белорускиот Минск.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.