
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Железарец му се истури на Истанбул
- '
- Објавено: август 18, 2011 22:00
Македонскиот шампион во футсал, тимот на Железарец, славеше
со убедливи 15-3 во дуелот со турскиот Истанбул во мечот од второто коло на
претквалификацискиот турнир за ЛШ што се одржува во СРЦ Кале.
Избраниците на Васко Скендеровски беа надмоќни во секој
поглед на дуелот со Истанбул. Првиот гол за македонскиот првак го постигна Мартин
Тодоровски во 6 минута, а две минути подоцна на 2-0 зголеми Дарко Ранготов.
Истанбул намали на 2-1 преку Озај Озуток, но до крајот на првиот дел Железарец
постигна уште два погодоци кои беа дело на Мартин Тодоровски и на Драган
Петровиќ.
Во второто полувреме на теренот постоеше само една екипа,
македонскиот шампион Жезеларец. Головите во мрежата на Истанбул се редеа како
на филмска лента, а во листата на стрелците се запишаа Дарко Ранготов (уште четири
пати), Ферид Агуши (два гола), Мартин Тодоровски, Оливер Јовановски, Жарко
Насковски, Драган Петровиќ и Трајче Илиев.
Во самиот финиш попушти малку концентрацијата во одбраната,
па Истанбул на крајот можеше да се израдува на три постигнати гола. Сепак,
конечниот резултат од 15-3 доволно говори за односот на сите на овој натпревар.
Во првиот натпревар од денешната програма, Ајндховен го
совлада претставникот на Малта, Екцес Биднија со 8-2.
В недела, во СРЦ Кале, со почеток од 20,30 часот се игра
решавачкиот натпревар за првото место меѓу МКФ Железарец и Ајндховен. Пласман
во следната рунда од квалификациите во Словенија ќе обезбеди само
првопласираната екипа, а на македонскиот шампион му е доволно и реми од овој
меч.