Здружението бара казни за кошаркарите: Парите се послатки од честа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Здружението бара казни за кошаркарите: Парите се послатки од честа

Здружението на Кошаркарски Прволигаши како најповикано за зголемување на бројот на странски кошаркари во домашниот шампионат и самото се јави со отворено писмо до МКФ, во кое ги нападна кошаркарите за бојкотот на почетокот од поготовките на националниот тим. Соопштението на Здружението на Кошаркарски Прволигаши го пренесуваме во целост.

                                                                                                      ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МКФ

По новонастанатата ситуација за правилото за шест странци во домашното првенство, наспроти досегашните дозволени четири, Македонската Кошаркарска Федерација(МКФ) се соочува со бојкот на дел од репрезентативците, потпомогнати од најзасегнатите играчи, а повеќето од нив не се ни дел од репрезентацијата. Било какви промени во однос на правилата за натпреварување се со цел за напредок на кошарката во Македонија. Иницијативата и изгласувањето на оваа промена во однос на бројот на странци во една екипа е со цел нивото на игра да се крене на едно позавидно и попрофесионално ниво. Здружението на прволигаши верува во оваа одлука на која треба да ѝ се даде шанса. Во претходните натпреварувачки сезони клубовите мораа да спроведуваат и порадикални правила (младинец во петорка во прво полувреме), кои не дадоа никаков резултат, за потоа да се укинат без никакви последици. Доколку ова правило не би дало никакви позитивни резултати, здружението на прволигаши ќе биде првиот поборник истото да се укине. Повторно, се со цел за напредок на кошарката, а во ниеден момент да би наштетил на кошаркарите, пред се младинските репрезентативци или оние кои веќе се на списокот на селекторот.

Без разлика на староста, играчките капацитети и досегашните индивидуални достигнувања, на секој играч кој ќе биде повикан да ги брани боите на националниот дрес, треба да му претставува особена чест и гордост, а пред сѐ обврска кон својата земја.Опкружени од бројни примери каде што многу поголеми играчи кои освоиле многу повеќе со своите тимови и репрезентации, со гордост се враќаат да играат за своите држави, Македонија се соочува со бојкот кој единствено може само да ѝ наштети на македонската кошарка.

За жал, ние сме сведоци на сосема поинакво сценарио, каде играчите се 100% подготвени да одговорат на било која финансиска понуда на некој клуб, а истовремено да ескивираат и да пронаоѓаат безброј оправданија тоа да не го сторат за репрезентацијата. Очигледно е дека парите се „послатки“ од честа да се носи дресот на својата земја, која разбирливо не е финансиски поткрепена опција, но ниедни пари не можат да го платат успехот на една нација која беше постигнат пред неколку години. Дочекот на плоштад кој беше проследен од стотици илјади Македонци ќе биде вечно запаметен од хероите на тоа достигнување, а успехот запишан во историјата на македонската кошарка.

За таква чест и обврска повикува и здружението на прволигаши. Несомнено дека Македонија има квалитет да ги помине овие квалификации успешно, а секако и да постигне забележителен успех на престојното Европско првенство. За да биде ова изводливо на репрезентацијата ѝ се потребни сите активни кошаркари кои и претходно со гордост го носеа националниот дрес , а на паркетот гинеа секоја секунда. Но бидејќи во моментов тоа не е случај, можеби е време за целосен ремонт односно смена на генерации што е неминовен процес во било кој колективен спорт и било која репрезентација. Промена која некогаш мора да се направи, а што порано, толку побрзо можеме и да ги очекуваме резултатите од истата. Без да именуваме индивидуалци, благодарни им сме на сите поединечно за сѐ што направија за Македонија и Македонската кошарка, но ако е време за смена на генерации, да им се даде шанса на оние кои се желни за докажувања и кои се подготвени да гинат за националниот дрес.

Ја повикуваме Федерацијата да постапи во согласност со правилата и ингеренциите кои ги има кон сите регистрирани играчи. Доколку не ги почитуваат одредбите на Федерацијата и не одговорат на повикот на позивот за репрезентацијата, истите да бидат санкционирани со соодветни казни и суспензии. Ние како здружение на прволигаши ќе ја поддржиме ваквата одлука на Федерацијата, а истовремено ќе заземеме став со кој сите играчи кои се под договор во своите клубови да бидат исто така суспендирани.

Со почит,
Здружение на прволигаши

По ваквиот став на Здружението на прволигаши, очигледно е дека спротивставените страни се многу далеку од постигнување на меѓусебен договор, со кој би била надминатата кризата и подготовките на македонската репрезентација би ги стартувала подготовките за Евробаскет 2015.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.