Здравевска го засили Жито Прилеп - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Здравевска го засили Жито Прилеп

Искусното десно крило Александра Здравевска е првото засилување на Жито Прилеп. Таа доаѓа од редовите на ЖРК Вардар, а имаше и мала пауза. Се очекува таа брзо да се вклопи во составот на прилепскиот тим и да претставува вистинско освежување. Покрај Здравевска, во Жито Прилеп очекуваат им пристапат уште две македонски ракометарки и две интернационалки.
 
Здравевска во својата кариера има настапувано за Кабран Амбалажа, Еуростандард, Кале Кичево, Гевгелија и ЖРК Вардар.  
 
Ракометарките на Жито Прилеп ги очекува набиен распоред во претстојниот период, ќе играат со Будуќност и Металург, а на 28 јануари и со Јагодина во Србија.  
В.М. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.