Здравески „избркан“ од клупата на 11 Октомври - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Здравески „избркан“ од клупата на 11 Октомври

Николче Здравески, по само четири првенствени натпревари, не е повеќе тренер на новиот прволигаш 11 Октомври откако денеска Управниот одбор на клубот едногласно ја прифати понудената негова оставка.

 

„Разврска која и можеше да се очекува ако се знае дека на четирите натпревари на стартот од сезоната имаме исто толку порази без ниту еден постигнат гол. Ја прифативме поднесената оставка притоа во секој случај заблагодарувајќи му се на Здравески за досегашната соработка, со оглед на фактот да тој е и еден од позаслужните за нашиот влез во елитното друштво оваа година. Здравески е сменет од тренерската клупа, но според нашите планови тој останува во клубот со некоја друга функција“ – ни изјавија од УО на 11 Октомври.

 

Со одлука на раководството на клубот од денеска в.д шеф на стручниот штаб е досегашниот помошник Трајче Илиоски, а тренер на голманите и натаму останува Круме Митриќески.

 

„Во најбрз можен рок ќе биде назначен и нов шеф на стручниот штаб“ – велат од 11 Октомври. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.