За „странците“... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

За „странците“…

Стеван Цаневски

Ренато Вугринец и Немања Прибак ќе ги бранат боите на македонскиот национален тим, одлука на РФМ и на селекторот Обрван што наидува на различни реакции во јавноста. На целата ситуација може да се гледа од два аспекти, првиот позитивен како одлични засилувања на националниот тим, и вториот, како внесување на „странска крв“ во селекцијата што составена исклучиво од Македонци го оствари најголемиот успех во македонскиот спорт (за четвртото место на кошаркарите во Литванија, сепак голем дел од заслугите одеа на адреса на Мекејлеб).

Факт е дека Македонија има квалитет во своите редови, но прашање е колку овие одлични играчи што ги имаме на располагање можат да го издржат пеколниот турнирски ритам што го носат големите натпреварувања. Сведоци сме на многубројни ротации кај сите селекции во текот на мечевите, додека кај „црвено-жолтите“ повеќе од 90% од товарот паѓа врз тројца играчи, Кире Лазаров, Миркуловски и Наумче Мојсовски. Со ангажманот на Прибак и на Вугринец се создава навистина моќна бековска линија што ќе може да издржи 60 минути во ист пеколен ритам, и тоа неколку натпревари во низа, и би ги спречило падовите во нашата игра што беа очигледно на предолимпискиот турнир во Шведска, но и на последниот мундијал во Шпанија.

Злобниците ќе кажат дека и ние имаме свои адути, дека можеме и без странци, но последните информации не го докажуваат тоа. ЕП во Србија беше македонска спортска бајка, но тоа беше момент на кулминација, од кога за жал работите се движат во надолна линија. Предолимпискиот турнир во Шведска беше вистинско фијаско (три порази на три меча), Мундијалот во Шпанија беше оценет како солиден (пласман во осминафиналето), при што и на двете натпреварување очигледно беше дека противниците премногу добро ја скенираат нашата игра и веќе дефинитивно не го поседуваме „факторот изненадување“.

Влогот е огромен, по ова Европско Првенство следи и мундијалот во Катар, преку кој ќе се брка и олимписка виза за Рио де Жанеиро. Амбициите се големи, а од друга страна и ризикот бидејќи лесно може да се случи со евентуален неуспех да се навлезе во нова низа на неучества на големите натпреварувања. Во ситуација кога младинскиот ракомет е на далеку од посакуваното ниво, а следна талентирана генерација ни е кадетската, нормално е да се прави се што се може за резултатите да останат на што повисоко ниво и кога младите играчи конечно ќе созреат, да се наоѓаат поволна ситуација за да ги следат стапките на Лазаров, Мојсовски и останатите, кои за жал мораа да го одат потешкиот пат до светската и европската ракометна елита.

Токму затоа, вклучувањето на новите имиња, макар и не биле македонски, сигурно се потези што се повлекуваат со една и единствена намера – нашата репрезентација и во следниот период да биде дел од елитата, па трендот од Србија, Шпанија и сега Данска, да се продолжи и во Катар, а потоа со малку среќа и на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.