Вудсајд, замена за Илиевски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вудсајд, замена за Илиевски

Раководството на Унион Олимпија експресно ја заврши потрагата по нов плејмејкер, кој што би го завземал местото на Владо Илиевски. Македонскиот репрезентативец летово си замина од Љубљана и кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигант Ефес, а словенечкиот гигант на негово место го ангажираше Американецот Бен Вудсајд. 
 
Челниците на Унион Олимпија во изминатиот период преговараа со уште неколку квалитетни кошаркари на оваа позиција, но на крајот нивниот избор падна токму врз Вудсајд. Станува збор за квалитетен кошаркар кој што во САД го носеше дресот на Универзитетот Северна Каролина, со кој што стигна дури и до завршниот турнир во НЦАА лигата. Во Европа, тој со значителен успех го носеше дресот на францускиот прволигаш Гравелин, со кој што во Еврокупот имаше импресивен просек од 18,5 поени и 5,5 скокови по натпревар. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.