
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Втора победа на Металург во Добој
- '
- Објавено: август 18, 2011 22:00
Супериорната игра им донесе втора победа на ракометарите на Металург на ТВ Турнирот на шампионите во Добој. Во третиот натпревар на турнирот, македонскиот првак го победи грчки АЕК со 26-18 (11-9). На „металурзите“ ова им е втора победа на турнирот, по стартниот пораз од Гумерзбах и триумфот над ПИК Сегед во групата Б.
Избраниците на Лино Червар доминираа на теренот речиси во текот на целиот натпревар. Грчкиот тим имаше водство од 8-6 пред крај на првото полувреме, но „металурзите“ брзо ја презедоа иницијативата. На полувремето имаа два гола позитива (11-9), а во вториот дел надмоќно ја зголемуваа разликата.
Новакот во редовите на Металург, Жарко Марковиќ одново беше најефикасен играч на теренот овој пат со 12 погодоци. Црногорскиот десен бек во овоие подготвителни натпревари пред новата сезона потврдува дека добро се вклопува во тимот од Автокоманда. Покрај Марковиќ, забележителна улога во нападот на „металурзите“ имаа и Наумче Мојсоски со 4 и Филип Миркуловски со 3 гола.
Денеска завршуваат натпреварите во двете групи, а утре се играат завршните натпревари за пласман на 43.ТВ Турнир на шампионите во Добој.