Врбица Стефанов дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Врбица Стефанов дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација

Врбица Стефанов дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација

Една од желбите на селекторот на сениорската репрезентација Драган Раца стана реалност – Врбица Стефанов ќе биде дел од стручниот штаб на националната селекција. Поранешниот капитен се враќа во репрезентацијата по три години отсуство, но со поинаква улога, потврди македонската куќа на кошарката на официјалната страница.

„Пред месец и половина имав средба со спортскиот директор на МКФ Заре Марковски на која јас изразив желба да остварам средба со селекторот Драган Раца за да ја прифатам понудената соработка од негова страна. Средбата се оствари при  доаѓањето на Раца  во Македонија. Во нашиот долг разговор јас сакав да ги слушнав негвите размислувања поврзани со репрезентацијата. Уште на почетокот на разговорот заклучив дека имаме исти размислувања и ставови за многу работи поврзани со селекцијата што многу ми се допадна. Од селекторот Раца на тој разговор  побарав само два дена, но,не за да размислав околу мојот ангажман во националниот тим, туку за да ги реорганизирам претходните лични ангажмани кои ги имав планирано, за комплетно да можам да се ставам на располагање на стручниот штаб. Позитивната енергија која Драган Раца ја покажа на нашата средба. Воедно националниот тим е секогаш на прво место. Работата со кошаркарите е  нешто што ме прави среќен  и исполнет. Нешто што најдобро го знам. Одлично ги познавам сите репрезентативци  со дел од нив сум другарувам заедно на паркетот и сигурен сум дека соработката ќе биде на заемно задоволство во интерес на Македонија. Јас ги почитувам моите довчерашни колеги и прифатив заедно со нив да ја продолжиме низата добри резултати на тимот“ – истакна легендарниот кошаркар за страницата на МКФ.

Покрај Стефанов, во стручниот штаб на сениорската репрезентација се кондицискиот тренер Џакомо Браида како и Јанис Раптис, кој ќе биде задолжен за скаутирање на противниците.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.