Враќањето повторно одложено - Ѓоковиќ го откажа настапот во Абу Даби - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Враќањето повторно одложено – Ѓоковиќ го откажа настапот во Абу Даби

Враќањето повторно одложено – Ѓоковиќ го откажа настапот во Абу Даби

Новак Ѓоковиќ денеска требаше да стави крај на шестмесечната пауза и да се врати на терен на егзибицискиот турнир во Абу даби, но српскиот тенисер одлучи да се повлече.

Поранешниот прв светски рекет по неверојатниот пад во кариерата, се повече поради повреда на лакотот, а неделава изјави дека е подготвен одново да го земе рекетот во раце и да се врати на старите успеси. Но, враќањето засега е одложено.

Ѓоковиќ во полуфиналето во Абу Даби требаше да игра против Шпанецот Батист Агут, сепак, по препорака од лекарскиот тим , Србинот донел одлука да го пропушти ова натпреварување.

Многу сум разочаран што сум принуден да се повлечам од турнирот во Абу Даби. За жал, во последните неколку дена повторно ми се јави болка во лакотот и по прегледите, лекарите ме советуваа да не ризикувам, дека треба да го пропуштам ова натпреварување и веднаш да продолжам со терапијата. Многу сум тажен бидејќи желно чекав повторно да почнам да играм на официјалните мечеви. Уживав во подготовките и се радував за турнирот во Абу Даби. Ми останува само да ја прифатам оваа ситуација и да ги почекам резултатите од терапијата за да можам што поскоро да се вратам на терен и да влезам во полн ритам. Сето ова може да влијае и на стартот на сезоната и на планото на турнири што го направив, но конечната одлука ќе биде донесена наредните денови“ – изјави Новак Ѓоковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.