Војводи се „газди“ во Тетово - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Војводи се „газди“ во Тетово

Навивачката група
Војводи во бројка од повеќе од 500 членови денеска се појави на Градскиот
стадион во Тетово на градското дерби против Шкендија. Го бодреа својот Тетекс
во текот на цеиот натпревар, ечеше македонска песна, се вееја знамиња, барјаци,
а на крајот фудбалерите на Тетекс им возвратија со голема победа од 2-0 над
актуелниот првак Шкендија.

Во текот на целата
средба поддршката од Војводи беше фантастична, но мора да се каже дека имаа
достоен ривал и во Балистите. Сепак, навивачите на Шкендија немаа многу причини
за радост, па по завршувањето на средбата се обидоа да испровоцираат инцидент со
фрлање камења кон трибината каде што се наоѓаат Војводи. Голем инцидент
изостана, а Војводи докажаа дека тие се „газди“ во Тетово, славејќи го триумфот
со факели и чадни бомби во друштво на фудбалерите на Тетекс.  

       

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.