Војводи го бодреа Тетекс во Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Војводи го бодреа Тетекс во Скопје

Навивачката група Војводи не го остави својот Тетекс ниту на гостувањето во Скопје на дуелот со Работнички. Напротив, фановите од Тетово допатуваа во бројка од околу 100 луѓе и сместени на северната трибина на арената „Филип втори“ ги бодреа своите миленици на мечот со „романтичарите“. Имаа добра организација, навиваа во текот на целата средба и употребија неколку чадни бомби за подигнување на атмосферата.
 
Со ова нивно гостување се раздвижува навивачката сцена во Македонија, иако голем број фанови, од најразлични тифо-групи, всушност се во Литванија, каде што ја бодрат македонската кошаркарска репрезентација во обидот да освои медал на Евробаскет 2011.
 
Денеска и „Комити“ имаат најавено патување за Штип, каде што ќе му дадат поддршка на својот Вардар во обидот по цели три години повторно да се искачи на првото место на табелата во Првата МФЛ.    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.