Војдан потпиша за Черкаси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Војдан потпиша за Черкаси

Војдан Стојановски реши да го напушти составот на Фени индустри и во следната сезона ќе го носи дресот на украинскиот тим Черкаси Мавпи. Македонскиот репрезентативец, кој минатата сезона беше избран за најкорисен кошаркар во финалната серија од плејофот, процени дека е дојдено вистинско време за одново да замине од Македонија, поради што реши да ја прифати понудата на украинскиот прволигаш. Тој замина за Украина на препорака на поранешниот македонски селектор Јовица Арсиќ, кој пред извесно време ја вршеше функцијата шеф на стручниот штаб на Черкаси. 
 
Веднаш по завршувањето на сезоната се шпекулираше дека Војдан би можел да потпише договор со МЗТ Скопје, каде би играл со својот брат Огнен, но понудата од странство сепак беше предобра за да биде одбиена, па Стојановски реши да го напушти македонскиот кошаркарски шампионат. За соиграч во тимот на Черкаси нашиот репрезентативец ќе го имам Миљан Пуповиќ, српскиот центар што вториот дел од сезоната го мина во дресот на МЗТ Скопје.  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.