Војдан ја разбуди Алба, прва радост за Мекејлеб со Баерн - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Војдан ја разбуди Алба, прва радост за Мекејлеб со Баерн

Алба забележа нова убедлива победа во рамките од германскиот шампионат, славејќи над екипата на Брауншвајг со 80-62. Еден од најзаслужните за овој триумф сигурно е и македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, кој одигра значајна улога, пред се во првото полувреме од мечот. Имено, Алба очајно го почна натпреварот, а при водство од 4-13 на гостите Војдан ги превзеде работите во свои раце, постигна осум поени до крајот на четвртината и целосно го врати својот тим во игра. Стојановски со 12 поени беше најпрецизен во својот тим по првото полувреме, но во вториот дел не успеа да се запише меѓу стрелците.

На триумф денеска се радуваше и Лестер Бо Мекејлеб, кој славеше со Баерн Минхен на гостувањето против Краилсхајм со убедливи 66-103. Мекејлеб одигра добар меч, реализирајќи 13 поени, надополнети со четири асистенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.