„Водно санс – Партизан“ кошаркарската школа која 15 години ве освојува - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Водно санс – Партизан“ кошаркарската школа која 15 години ве освојува

„Водно санс – Партизан“ е еден од најатрактивните домашни колективи за развој на младите категории спортисти, високо професионално профилирани која се поинтензивно се истакнува како еден од најголемите расадници на најталентираните наши кошаркари.

Изминатиов период Водно Санс-Партизан, преку неколку свои генерации, имаше повеќе од успешни настапи на неколку интернационални турнири кои само дополнително ја промовираа школата на меѓународно ниво. Редовни се учествата на силните турнири на Паок во Солун, турнирот на Реал Мадрид во Мадрид и турнирот на КК Партизан Белград. Од 2010 година КК Водно Санс со договор склучен со КК Партизан од Белград е едновремено и нивна филијала во Македонија. Слична соработка е остварена со КК Јкс Баскеј Шведска во 2009, КК Реал Мадрид 2011 и КК Паок во 2012 година.

 Vodno sans

А, успешната приказна за кошаркарското училиште Водно Санс – Партизан започна пред 15 години на иницијатива на Горан Андреевски и група родители. Идејата на основачите била, а денес само се надоградува, низ еден осмислен тренажен процес да им се овозможи на децата да се вклучат во спортот и со стручна помош на нивните високообразовани тренери и специјалисти од други области да се социјализираат, да ги градат своите психо-физички квалитети и се разбира да ги совладаат основите на кошарката.

Неколку илјади деца го имаат започнато својот спортски живот во КК Водно Санс. Голем дел од нив и денес претставуваат носители на повеќе категории од младинските репрезентативни селекции на Македонија. Триесетината репрезентативци се наша гордост – велат од советот на родители на школата.

Голем дел кошаркари кои денеска се поинтензивно се промовираат на нашето кошаркарско небо се производ токму на Водно Санс – Партизан. Марко Симоновски, Мартин Петковски, Бруно Николиќ и Андреј Магдевски се прогласувани за најкорисни играчи на завршните турнири, а пак Давид Пецалевски, Андреј Маслинко, Стефан Милески, Александар Јанев и Илија Колев се избрани како најталентирани млади играчи во Македонија.

Како свој производ со кој се гордее школата секако се Андреј Магдевски  и Андреј Маслинко кои претставуваат огромна иднина на македонската кошарка, кои наскоро се очекува сериозно да го понесат товарот и во најдобрата македонска репрезентација.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.