Во Охрид и во Скопје ќе се делат Куп-пехарите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Во Охрид и во Скопје ќе се делат Куп-пехарите

Во Охрид и во Скопје ќе се делат Куп-пехарите

Викендов ќе бидат познати победниците во ракометниот Куп на Македонија во машка и во женска конкуренција. Во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одиграат завршните натпревари во машкиот куп,  а „Автокоманда“ во Скопје е домаќин на четирите екипи што ќе се борат за Куп пехарот во женска конкуренција.

Полуфиналето во Охрид, го отвораат Металург и Вардар јуниор (17.30 ч.), а во вториот натпревар денеска ќе играат Вардар и Охрид (20 ч.).  Финалниот меч е утре во 17.30 часот. Вардар е бранител на титулата и апсолутен фаворит годинава по 11 пат во својата историја да го подигне пехарот во Купот на Македонија.

И во женска конкуренција ЖРК Вардар во улога на фаворит ја брани титулата во Купот.

Во првото полуфинале, во Автокоманда денеска (14 ч.) ќе играат Вардар јуниор и Металург. Второто полуфинале меѓу ЖРК Вардар и Куманово е со почеток во 16.15 часот. Победниците од полуфиналните мечеви ќе играат.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.