Влашиќ ќе скока во Даегу - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Влашиќ ќе скока во Даегу

Бланка Влашиќ ќе биде дел од Светското Првенство во атлетика што од 27 август ќе стартува во Даегу, Јужна Кореја. Хрватската атлетичарка во последно време имаше проблеми со неколку различни повреди, но ситуацијата се искомпликува откако пред само неколку дена Влашиќ се пожали на болки во мускулот на десната нога. Медиумите во Хрватска соопштија дека Влашиќ сигурно нема да може да се рехабилитира навреме за да настапи во Даегу, но актуелната олимписка вицешампионка на прес-конференција соопшти дека ќе биде дел од најквалитетниот светски атлетски самит. 

– Одржав тренинг на кој што чувствував силни болки, можев да скокнам само 24 пати, по што донесов одлука да не патувам во Даегу. Сепак, ми требаа само 12 часа за да ја сменам таа одлука, сфатив дека не можам без атлетиката, а Светското првенство е едно од најголемите натпреварувања што постојат. Затоа, ќе учествувам на овој шампионат, ќе настојувам да победам, а времето ќе покаже дали сум била во право што сум решила да скокам со повреда на ногата која ми служи за отскок. Јас знам само едно, немаше да можам да се помирам да ги гледам моите противнички како скокаат во Даегу, а јас се наоѓам во Загреб пред својот телевизор – изјави Влашиќ. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.