Вилнев: Вилијамс ја продаде душата за милионите на Строл - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вилнев: Вилијамс ја продаде душата за милионите на Строл

Вилнев: Вилијамс ја продаде душата за милионите на Строл

Поранешниот шампион во Формула 1, Жак Вилнев упати серија критики за тимот на Вилијамс и за форсирањето на младиот Ленс Строл. Уште претходно, Вилнев изјави дека Строл е можеби најлошиот дебитант во Формула 1 што го видел досега. А критиките за Вилијамс се дека го форсираат младиот канадски возач не заради талентот туку заради милионите на неговиот татко. Дури си дозволуваат да прават отстапки од правилата само за да му удоволат на богатото семејство Строл.

Ленс Строл дебитираше во 2017 година во Ф1 и заврши на 12.место само со три бода помалку од клупскиот колега Фелипе Маса.

Според Вилнев, Строл ја нарушил репутацијата на Вилијамс.

„Дури и Маса беше подобар од Ленс. Подиумот во Баку и не ме разубедува нешто многу затоа што беше чиста среќа“ – вели Жак Вилнев.

Сеаг, Вилнев го обвини тимот на Вилијамс дека се „продале“ за богатството на Строл и го поместуваат системот давајќи му на канадскиот тинејџер дополнителни подготовки надовор од постоечките прописи.

„Тие ги нарушуваат правилата. Тоа не е фер кон другите возачи бидејќи Строл е единствениот што ја има оваа привилегија благодарение на неговите пари. Но, треба да постојат граници што можат да купат парите и не сум само јас со овој став“ – истакнува Жак Вилнев.

Вилијамс потврдија дека Ленс Строл ќе вози за тимот и во наредната сезона во Формула 1, но се уште не го објавиле името на вториот возач што треба да дојде на местото на пензионираниот Фелипе Маса. Според најавите, во потесниот избор се Русинот Сергеј Сироткин и повратникот Роберт Кубица.

„Парите пак ќе бидат решавачкиот фактор. Тие веќе ја продадоа душата на милијардите на Лоренс Строл, кого го интересира единствено задоволството на син му“ – вели Вилнев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.