Вилијамс ги задржа Маса и Ботас - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вилијамс ги задржа Маса и Ботас

Екипата на Вилијамс објави дека ќе ги задржи Фелипе Маса и Валтери Ботас и во наредниот шампионат на Формула 1.

Бразилецот имаше договор со британскиот тим и за следната година, додека Ботас имаше опција за продолжување на соработката, па доби нов договор.

Бидејќи преговорите успешно завршија, Вилијамс пред трката за Големата награда на Италија потврди дека остануваат и за следната сезона.

„Задоволство е да се работи со Фелипе, кој поседува комбинација на вистински ритам и големо искуство. Со години знаеме и дека Валери е голем талент. Тимот има успешна сезона, а клучната улога во тоа имаат нашите возачи и информациите кои тие им ги даваат на инжењерите“ – истакна првиот човек на Вилијамс, Френк Вилијамс.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.