„Видрите“ најубедливи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Видрите“ најубедливи

Секој викенд во Монте-Јуниор минибаскет лигата станува се повозбудлив и подраматичен. Во генерацијата 1999/00 се одиграа пет натпревари  и сите понудија интересна кошаркарска претстава.  Дел од екипите го продолжија победничкиот поход, дел ги запишаа првите порази и победи.
 
Овојпат почнуваме со Нај- екипата на колото, односно една од највозбудливите пресметки помеѓу МУЛТИ СОЛА  и ИЗО СПОРТ ,кои што ги оставија присутните во СЦ “ЈУНИОР-Охридска банка” без здив до самиот крај. Стартот на мечот беше во знакот на кошаркарите од ОУ Дане Крапчев кои до полувремето водството го имаа на своја страна. Меѓутоа, во продолжението на натпреварот екипата од ОУ Круме Кепевски прво ја надокнади негативата, а потоа дојде и до водство. Додека  сите го очекуваа крајот на натпреварот и победа за Изо Спорт,  во последна секунда со звукот на сирената Саликовиќ успеа да даде кош и на својата екипа да и донесе триумф. Тој е и најдобар стрелец на натпреварот со  9 поени , а Мулти Сола се Нај-екипа на колото и следниот викенд ќе одат на частење во ресторанот на Мек Доналдс во населбата  Аеродром.
 
Овие две екипи се пресметаа и во играта Цотинос Скилс Челинџ, а избраниците на тренерот Пејковски од екипата на Мулти Сола: Николов, Матовски, Николовски и Вељковиќ  повторно успеаа да ги победат противниците од екипата на Изо Спорт:  Петроски, Чурлинов, Паметковски и Марковски. На првата средба кошаркарите од ОУ Крум Тошев дојдоа до својата прва победа. Тие уште на почетокот им дадоа до знаење на кошаркарите од Тетово дека се фаворити. Најзабележителен во екипата на Јастреби беше Петрушевски Виктор кој со својот придонес од 9 поени беше прогласен за најдобар стрелец и доби награда од Монте.
 
Поради лошите временски услови двете екипи од Струмица не дојдоа па поради тоа екипите на ПРИЛЕП и на ДРИМ ТИМ  од Васил Главинов одиграа пријателски меч на кој двете екипи покажаа одиграа професионално и се бореа за победа. Прилепчани успеаа да го добијат овој меч, меѓутоа во регуларното коло победата ќе беше запишана кај екипата на Дрим Тим, бидејќи не беа почитувани правилата на Монте лигата од страна на тренерот од Прилеп. Станимировиќ од гостинската екипа со 12 постигнати поени беше најефикасен на натпреварот.
 
Во четвртиот натпревар помеѓу КОЧАНИ и ЦОТИНОС, екипата од Кочани  успеа да ја запише својата прва победа  и да им нанесе вторт пораз на кошарарите од  Н.Н Борче. Јованов со своите 12 поени успеа да ја освои наградата за најдобар стрелец.
И во последниот натпревар ВИДРИТЕ од Лазо Ангеловски ја забележаа најубедливата победа викендов.  Тие ги совладаа КЕНГУРИТЕ со резултат 30:8 и со тоа си го задржуваат фаворитското место на табелата. Главен од Кенгурите беше Васиќ кој со своите 10 поени многу придонесе за овие два бода на својот тим.
 
РЕЗУЛТАТИ: 

ТОМАС (Тетово) – ЈАСТРЕБИ (Крум Тошев)     20:33
ТОМАС: Пауноски И. 2, Јанкуловски Д, Томашевиќ Ј. 2, Краповски К, Стефановски Р, Лиасис К. 4, Тодоровски М, Ивановски Х, Илиевски Д. 8, Денковски А, Димитриевски С. 4, Анушевски Ф, Серафимовски Ѓ
ЈАСТРЕБИ: Стошиќ И 6, Петрушевски В. 9, Стојановски 5, Костовски, Мијатовиќ, Тушевска, Ангеловска, Сиљаноски, Поцевски 2, Јовков, Стојковски 7, Попаровски 4, Димитриевски 4

МУЛТИ СОЛА (Дане Крапчев) – ИЗО СПОРТ (Круме Кепевски)  22:21
МУЛТИ СОЛА: Мулти Сола: Матоски, Саликовиќ 9, Митевски 6, Герасимов 2, Николовски, Николов, Гроздановски, Стојчевски 2, Велковиќ 2, Цицулов, Трајковски
ИЗО СПОРТ: Петровски 1, Марковски, Митревски 1, Костадиновски, Димчевски 4, Огненовски 3, Ничевски 6, Паметковски, Лазаревски 3, Јовановски, Георгиевски 3, Василевски, Чурдинов
 
ДРИМ ТИМ (Васил Главинов) – ПРИЛЕП  32:34
ДРИМ ТИМ: Елјеса 10, Николов 2, Алили, Цебов 2, Кујовиќ 2, Мушина, Богоевски 4, Петрушевски, Насковски 10,Стојановски, Стоилковски 2
ПРИЛЕП: Станимировиќ 12, Костадиноски 2, Ѓоргиески 5, Дикоски, Јованоски 2, Крстески 4, Плетварец, Јончески, Петрески 3, Домески, Киркпатриќ, Мауоски, Јанкулоски 4, Локвен
 
КОЧАНИ – ЦОТИНОС (Н.Н.Борче)   39:29
КОЧАНИ: Заов, Стојанов, Аризановски 2, Јованов 12, Кабов, Иванов, Арсов 4, Арсовски, Митев 11, Дамјанов, Апостолов 8
ЦОТИНОС: Тоносовски, Кралев 11, Георгиев, Симеонов, Ричевиќ, Игнатовска С, Игнатовска В, Чанкулов 2, Јаневски, Анастасовски, Симоновски 9, Смилевски, Никовски, Богдановски, Велковски 2, Механџиски 5
 
ВИДРИ (Лазо Ангеловски) –КЕНГУРИ (Панајот Гиновски)   30:8
ВИДРИ: Котевски 3, Васиќ 10, Марковиќ 2, Филиповски 2, Биков 3, Михајловски 1, Трајковски 4, Стојановски, Спасев 5, Василевски, Мишев, Марашевиќ
КЕНГУРИ: Ристов 2, Шопкоски, Ацев, Валис 2, Илиевски, Трајкоска, Домевски 1, Јакимов, Костовски 3, Стојановски, Аирјла
 
Идно коло 2003
1. Коле Неделковски –Гоце Делчев
2.Тетово-Браќа Миладиновци
3. Глигор Прличев-Партение
4. Лазо Ангеловски 1- Ацо Шопов
5. Лазо Ангеловски 2-Песталоци
6. Дане Крапчев- Пулевски

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.