Вестбрук стигна до 93-от „трипл-дабл“, Никси подобри од Далас - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вестбрук стигна до 93-от „трипл-дабл“, Никси подобри од Далас

Вестбрук стигна до 93-от „трипл-дабл“, Никси подобри од Далас

Фантастичниот Расел Вестбрук го запиша 93-от свој „трипл-дабл“ во кариерата, но тоа не беше доволно Оклахома да дојде до победа против Феникс кој на свој паркет славеше со 114-100.

Најзаслужен за победата на Феникс беше Девин Букер со 26 поени, како и Ворен кој мечот го заврши со 23 поени и 5 скока.

За Вестбрук ова беше 14-ти „трипл-дабл“ сезонава со 26 поени, 11 асистенции и 10 скока. Кај Оклахома расположен за игра беше и Пол Џорџ со 19 поени.

Кошаркарите на Далас загубија од Њујорк со 96-100, а мечот го одбележа извонредниот Кристапс Порзингис. Летонецот беше најефикасен во победничкиот тим со 20 поени, дополнети и со 8 скока, а го следеше Кантер со 13 поени и 18 скока.

Интересно беше и на мечот меѓу Портланд и Сан Антонио каде Портланд славеше со 111-110. Херој во победничкиот тим беше Џеј Мекалум кој шест секунди пред крајот донесе победа за својата екипа, а на спротивната страна Ламаркус Олдриџ во последната секунда промаши шут за победа.

Ману Џинобили мечот го заврши со 26 поени и 4 скока, на тој начин станувајќи единствен кошаркар во историјата на НБА постар од 40 години кој на два едноподруго меча постигнал повеќе од 20 поени.

ЛА Лејкерс убедливо славеа против Атланта со 132-113. Брендон Инграм беше најдобар со 20 поени и 7 асистенции, а го следеа Колдвел-Поуп со 14 поени и Лонзо Бол со 13 поени. Денис Шрудер беше најзапазен во поразениот тим со 27 поени и 5 асистенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.