Вентура ќе менува, но италијанската одбрана е ’недопирлива’ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вентура ќе менува, но италијанската одбрана е ’недопирлива’

Вентура ќе менува, но италијанската одбрана е ’недопирлива’

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џампјеро Вентура, ќе направи седум измени во составот на „аѕурите“ во однос на првиот меч со Македонија во Скопје, кога „аѕурите“ едвај извлекоа победа (2-3) во судиското продолжение, но еден важен детаљ ’боде очи’. Тој нема да менува речиси ништо во гранитната италијанска одбрана, предводена од голманот Џанлуиџи Буфон.

Чуварот на мрежата на Јувентус се очекува и утревечер да биде на голот на Италија, а во одбраната ќе бидат и Леонардо Бонучи, Џорџо Кијелини и Андреа Барѕалји. Кијелини не играше во Скопје, но поради повреда, а секако има свое стандардно место во првиот состав на Италијанците.

Ова трио во последната линија, долг период играше заедно во Јувентус, се до ова лето, кога Леонардо Бонучи направи изненадувачки трансфер во Милан. Но, во боите на Италија, одбраната делува ’недопирливо’ и Вентура нема да се откаже од својот избор ниту на утрешниот натпревар.

Ќе има промени во средниот ред, но делумно и затоа што е приморан поради повреди. Ги нема Верати, Де Роси во маневарот, како и Белоти во нападот, па Вентура најверојатно ќе им даде шанса на Пароло и на Галјардини во срцето на теренот, како и на Дармијан и на Запакоста на страничните позиции.

Во нападот, Инсиње, кој исто така бее повреден за гостувањето во Скопје, ќе биде предводник во наапсот, заедно со Чиро Имобиле, стрелецот на победничкиот погодок од првиот дуел на арената„Филип Втори“, а можност ќе добие и дебитантот Симоне Верди.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.