Велковски: Со победа во Купот да ја завршиме сезоната - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Велковски: Со победа во Купот да ја завршиме сезоната

Велковски: Со победа во Купот да ја завршиме сезоната

Македонскиот првак Вардар утре (13 часот) го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија против тимот на Шкупи. Реваншот исто така ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, а по првите 90 минути резултатот е 1-1.

Репрезентативецот Дарко Велковски најавува дека „црвено-црните“ ќе атакуваат на пласман во следната рунда.

“Последен натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја завршиме. Утре ни претстои реваншот од Купот против Шкупи во меч во кој што сигурно ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да оствариме резултат за следната фаза. Знаеме дека мораме да дадеме гол после оние 1:1 од првиот меч и мислам дека можеме да дојдеме до тој погодок. Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас. Во секој случај ќе одиме на триумф како и на секој натпревар. Добро е што овој меч ќе се игра на подобар терен од оној на Чаир, затоа што таму игравме во првенството и  навистина немаше услови за играње на натпревар”, изјави Дарко Велковски за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.