Велбек, нов херој на „ѓаволите“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Велбек, нов херој на „ѓаволите“

Алекс Фергусон има причина да биде задоволен кога и младите фудбалери на Манчестер јунајтед ги користат шансите што им се даваат. Така, Дени Велбек беше човекот на одлука за актуелниот англиски првак при победата од 3-0 над составот на Тотенхем. Велбек, кој доби шанса само поради фактот дека Хернандез не е целосно заздравен од повредата, целосно ја оправда довербата на Сер Алекс и на стартот од второто полувреме со прецизен удар со глава го матираше Бред Фридел. 

Во продолжението од мечот Велбек се истакна и како асистент, откако на извонреден начин „со петица“ го проигра во празно Андерсон, кому не му беше тешко да ја затресе мрежата на гостите од Лондон. Судбината на Тотенхем ја запечати Вејн Руни, кој со прецизен удар со глава го совлада Фридел за својот втор гол на вториот меч во Премиер-лигата оваа сезона. 

Во првото полувреме играта беше израмнета, но во вториот дел експлодиравме и доминиравме буквално на сите делови од теренот. Велбек беше одличен, но тоа не е изненадување за мене бидејќи знам дека станува збор за многу талентиран голгетер. Во иднина очекуваме уште многу вакви партии од страна на Дени Велбек – изјави задоволниот Алекс Фергусон. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.