Вечно сеќавање: 25 години од подвигот на Димитар Илиевски - Мурато - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вечно сеќавање: 25 години од подвигот на Димитар Илиевски – Мурато

Утре со 25-от јубилеен меморијален марш во Битола се заокружува неделата на одбележувањето на еден од најголемите подвизи во македонската историјата – освојувањето на највисокиот светски врв Монт Еверест од страна на Димитар Илиевски – Мурато.

На 10.мај 1989 година Илиевски успеа да се искачи на врвот на светот правејќи ја горда до крај Македонија, и покрај тоа што за жал не успеа да се врати назад кај по еден таков херојски подвиг. Но, тоа негово дело никогаш не може и нема да биде заборавено, поради што и неговиот матичен ПСК Пелистер изминативе денови повторно ја организираше со неколку различни манифестации неделата на одбележувањето на ова достигнување преку кое сите заедно се сеќаваме на Мурато.

Изминативе денови беа одржани неколку манифестации во оваа чест, како изложбата на фотографии на Петар Ставрев од сите досегашни 24 марша, како и автентични фотографии на семејството Илиевски од постигнувањата на Димитар Илиевски. Во рамките на неделата гостин беше и професорот Сашко Кедев, кој во 2009 година го освои Монт Еверест, а подоцна се искачи на сите највисоки врвови на сите седум континенти. А, синоќа емотивно беше и потсетувањето и на водачот на македонско-хималајската експедиција „Еверест 89„ Јован Поповски, кој во Битола допатува специјално за јубилејот. Поповски во 90 минути се потсети на целокупните подготовки кои стартувале од 1982 година на македонските алпинисти за освојувањето на највисокиот светски врв.

„Диме беше пионер на освојувањето на Монт Еверест. Денес секојдневно се освојува највисокиот врв, но во тоа време ние бевме меѓу 250 кои до таа 1989 година го освоија Монт Еверест. Тој беше способен да се аклиматизира на секоја ситуација, па така и на 8000 метри“ – истакна Поповски, кој притоа на семејството Илиевски му го подари сертификатот за достигнувањето на Мурато а кое беше добиено во Македонија дури во 1998 година.

Dimitar-Ilievski-murato slika

Како што информираше, притоа, и претседателот на ПСК Пелистер, Димче Поповски донесена е и одлука за изградба на споменик во чест на Димитар Илиевски – Мурато која сите искрено се надеваат дека ќе биде реализирана. Инаку, манифестација во чест на искачувањето на првата македонска експедиција на Монте Еверест ќе се одржи и во Скопје на 3. јуни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.